почетна страница

Правила и услови за користење

Интернет-страницата https://jupiii-za-supi.mk/ (во натамошниот текст: интернет-страница) е иницирана и уредувана од Подравка д.д. (во понатамошниот текст: Подравка или ние).

Со првото користење на интернет-страницата, се смета дека сте целосно запознаени со овие Услови, дека ви се јасни и дека ги прифаќате. Ако не се согласувате со нив, ве молиме, не пристапувајте до страницата и не ги користете нејзините содржини. Ако имате какви било прашања или нејасни работи во врска со Условите за користење, контактирајте ја нашата редакција на urednistvo@podravka.hr.

Го задржуваме правото да го промениме изгледот и содржината на интернет-страницата и Условите за користење, па затоа ве молиме истите да ги прегледувате одвреме-навреме за да се запознаете со можните промени. Ние ќе сметаме дека вашата употреба на интернет-страницата претставува ваше прифаќање на било какви промени.

Предметните услови се однесуваат на неколку сегменти:

1. Услови на употреба
2. Авторско право и други права на интелектуална сопственост
3. Гаранции и скратување на правата
4. Колачиња (cookies).
5. Статистика
6. Линкови
7. Промени и прекинување на важење

1. Услови за употреба

Дозволена употреба

Преземање и испис на секој образец, како на пример за нарачка и слично, односно преглед на другите материјали и содржини на оваа интернет-адреса е можно само за лични цели. Забрането е јавно прикажување, пренесување, објавување, модификација, репродукција, дистрибуција, учество во пренос или продажба, правење копии, поставување и каква било друга употреба на целата содржина на страницата или дел од неа, како и избирање и усогласување на нејзините содржини без изричито писмено одобрение на Подравка д.д. и другите носители на авторско право и другите права на интелектуална сопственост. Доколку се даде такво одобрение, не е дозволено бришење или менување на постоечките податоци во врска со авторско право и / или на трговската марка или друго право на интелектуална сопственост.

Употреба во комерцијални цели

Забрането е користење на интернет-страницата за трговија, продажба и за други комерцијални цели, освен за купување од Подравка д.д.. Секое објавување на реклами или собирање понуди за производи и услуги не е дозволено без писмено одобрение од Подравка. Забрането е пренесување и објавување на невистинита, навредлива, вулгарна, заканувачка или непристојна содржина, или на друг начин неприфатлива или незаконска содржина, како и содржина со која се крши некое од правата на која било страна, а особено содржина што содржи вируси или друг штетен материјал. Корисниците преземаат одговорност за каква било штета што произлегува од нивните активности кои што не се во согласност со горенаведеното, како и за кој било друг вид на штета што може да произлезе од ова. Подравка д.д. го задржува правото (но не и обврската), целосно или делумно, да ги избрише материјалите и содржините објавени од корисниците на интернет-страницата.

Поднесување содржина и материјали

Со доставување содржина и материјали (вклучувајќи и, но не ограничувајќи се на, предлози, идеи, цртежи, рецепти) на оваа адреса, вие автоматски ѝ давате (или гарантирате дека сопственикот на материјалот изричито ѝ дал) на Подравка д.д. неотповикливи, трајни и ексклузивни права и лиценца за употреба, адаптација и модификација, вклучување во други дела, преводи, објавување, пренесување и дистрибуција на споменатиот материјал низ целиот свет во каква било форма и преку сите познати и идни медиуми за каква било цел и без надоместок. Условите на оваа точка продолжуваат да важат и по истекот на овие Услови.

2. Авторско право и други права на интелектуална сопственост

Содржината на интернет-страницата е заштитена со авторски права кои ѝ припаѓаат на Подравка д.д., или ѝ се доделени на Подравка.дд, а се во сопственост на трети страни Подравка д.д, исто така, ги поседува авторските права за уредување, избор и усогласување на содржината на интернет-страницата. Понатаму, интернет-страницата содржи трговски марки, имиња на поединци и други содржини на интелектуална сопственост во сопственост на Подравка д.д. или трети страни, а Подравка е носител на лиценцата. Не смеете да сметате дека било која содржина на интернет-страницата за употреба без ограничувања. Може да се побара дозвола за умножување.

Слики и видеоснимки

Сите фотографии, слики, видео записи, биографски податоци на страни и / или останати материјали што се појавуваат на интернет-страницата се во ексклузивна сопственост на Подравка д.д.. Авторските права и другите права на интелектуална сопственост на сите материјали на интернет-страницата припаѓаат на Подравка д.д.. Сите права се задржани. Дадена е дозвола на субјектите да ги користат овие материјали исклучиво за промотивни, уреднички и информативни цели на објавување во весници, списанија и електронски медиуми. Друга употреба на материјал од интернет-страницата не е дозволена. Исто така, не е дозволена употреба на каков било материјал од страницата во врска со продажба или понуда за продажба на производи или услуги од каков било вид. Дефинираната дозвола и начините на употреба на интернет-страницата не смее да се пренесува, да се подигнува под договор или да се доделува и секое намерно пренесување и обид за пренесување, подигање од договор или доделување ќе се смета за ништовно. Користејќи материјал од страницата, медиумските корисници се обврзуваат целосно да ги почитуваат ограничувањата, условите и барањата кои се утврдени овде.

3. Гаранции и скратување на правата

Подравка д.д. прави разумен напор да објавува точни и тековни информации на интернет-страницата, но не презема одговорност за нивната точност и комплетност, ниту дава право на приговор во врска со ова. Покрај гаранциите за производите што експлицитно ги објавува Подравка д.д., Подравка нагласува дека сите материјали и содржини на интернет-страницата треба да се земат „како што се“, а Подравка д.д. не е одговорна за какви било последици што можат да произлезат од различното толкување на материјалите и содржината на интернет-локацијата.

Подравка д.д не гарантира дека интернет-страницата секогаш ќе биде достапна и дека нема да содржи грешки или вируси. Секој корисник изричито прифаќа употреба на страницата на сопствен ризик. Подравка д.д. не одговара за штета или повреда (вклучувајќи ио, но не ограничувајќи се на, посебни или последователни штети) кои што може да произлезат од употребата или неможноста да се користи кој било дел од интернет-страницата или содржина објавена или додадена од други корисници.

Медиумските субјекти и другите корисници кои ја користат интернет-страницата изричито се согласуваат да ја обештетат Подравка д.д. за какви било и секакви побарувања, трошоци, штети или одговорности кои произлегуваат од несовесно користење на материјали од интернет-страницата од истиот корисник, вклучувајќи и какви било директни, индиректни, случајни, посебни или последователни штети.

Понатаму, Подравка д.д. и нејзините добавувачи не преземаат никаква законска одговорност за точноста, комплетноста или корисноста на податоците, уредите, производите или постапките презентирани овде и не гарантираат дека употребата на информации, уреди, производи или процедури нема да ги нарушат приватните права. Одбивање на правото за рекламирање

Споменувањето на кој било специфичен и конкретен производ, процес или услуга што има пазарно име, трговска марка, производител или слично, не мора да значи дека Подравка д.д. или некој од нејзините вработени и добавувачи го рекламираат, препорачуваат или фаворизираат.

Скратување на правото на надворешни врски

Со појавување на надворешни хиперлинкови не значи дека Подравка дд, добавувачи или спонзори рекламираат такви надворешни страници или информации, производи или услуги што ги содржат. Подравка д.д. или кој било од нејзините вработени, спонзори и добавувачи нема контрола врз информациите содржани во такви надворешни локации. Надворешните врски на интернет-страницата се во согласност со политиката на Подравка д.д., која не е одговорна за содржината на која било поврзана страница добиена од нејзините сервери. Врските може да вклучуваат текстуални врски, мали слики, икони или сликички што ја илустрираат врската и не рекламираат производи или услуги.

4. Колачиња (cookies)

Колачињата се т.н мали датотеки кои што се зачувуваат на компјутер или на мобилен уред кога посетуваме одредена интернет-страница. Колачињата овозможуваат интернет-страницата да ги „запомни“ активностите или поставките на посетителите од претходните посети или сесии, така што таа може автоматски да ги применува и при следната посета. На тој начин интернет-страницата веќе „знае“дека веќе сте биле тука и во некои случаи го приспособува она што го гледате на екранот. Колачињата најчесто се користат за запомнување специфични преференции на корисникот, за да помогнат во внесување информации што веќе биле внесени за време на претходните посети, за собирање аналитички податоци или за промотивни кампањи. Интернет-страницата користи т.н. колачиња – збир на податоци кои што служат како ваш анонимен индивидуален идентификатор, на таков начин што интернет-страницата ги испраќа до вашиот прелистувач и ги зачувува на вашиот компјутер. Колачињата се користат за да функционираат сите карактеристики на страницата и за подобро корисничко искуство. Колачињата може да се поделат на привремени (колачиња за сесии) или трајни (постојани колачиња). Привремените колачиња се привремено зачувани на вашиот компјутер и автоматски се бришат кога ќе го затворите интернет-прелистувачот. Тие се користат за добивање привремени податоци, како што е статусот на вашата кошничка во интернет-продавницата. Постојаните колачиња остануваат зачувани на вашиот компјутер дури и откако ќе го затворите интернет-прелистувачот, но и тие обично имаат рок на важност. Таквите колачиња се користат за олеснување на пристапот до регистрираните корисници и зачувување информации како корисничко име и лозинка, што ви овозможува да ја „запомните“ функционалноста при најавување, така што не мора да внесувате корисничко име и лозинка секогаш кога ќе ја посетите оваа интернет-страница.

Постојаните колачиња можат да останат зачувани на вашиот компјутер со денови, месеци, па дури и со години. Колачињата, исто така, ги делиме на колачиња од прва и трета страна. Колачињата од прва страна доаѓаат од страницата на која сте моментално, додека колачињата од трети страни доаѓаат преку реклами или преку надворешни услуги од други веб-страници. Колачињата од прва страна се користат не само за правилно функционирање на интернет-страниците, туку и за статистичко следење на интернет-активноста на страницата. Податоците прибрани за оваа намена вклучуваат IP адреса на корисникот, прелистувач, јазик, податоци за оперативниот систем и други стандардни статистички податоци кои што се прибираат и анализираат исклучиво во анонимна и масовна форма. Колачињата од трети страни најчесто се користат од мрежите за рекламирање за да се анализира однесувањето на корисникот на разни интернет-страници. Целта на анализата е да се профилираат корисниците според демографијата, интересите и сл. Што најчесто се користи за рекламни цели? Но, како всушност функционираат колачињата?

Колачињата складираат информации во форма на парови на „клучеви“ и „вредности“ во текстуалните датотеки. На пример, колачињата може да го зачуваат јазикот на кој моментално ја гледате страницата. Во случај на хрватски јазик, записот обично изгледа вака: јазик = hr. Кога прво ќе изберете јазик, интернет-страницата ќе создаде и зачувува колаче што содржи информации за јазикот преку вашиот прелистувач. Потоа, при секоја следна посета, доколку тоа колаче сè уште постои, страницата ќе знае за вашиот избор и ќе ви ја покаже содржината на посакуваниот јазик. При пристап до интернет-страницата, колачињата ги идентификуваат параметрите на прелистувачот, но не и самите корисници.

На кратко, целта на колачињата е добронамерна, тие не се штетни и не можат да носат вируси и овозможуваат подобро корисничко искуство при сурфање. Ако не се согласувате за употреба на колачиња, можете лесно да ги избришете (или спречите) на вашиот компјутер користејќи ги поставките на прелистувачот што го користите. Повеќе информации за управување со колачиња се достапни на страниците на прелистувачот што го користите или на www.allaboutcookies.org. Бидејќи целта на колачињата е да го подобрат и овозможат најдоброто можно корисничко искуство при користење на нашата интернет-страница и нејзините процеси во целиот опсег на нивната функционалност, напоменуваме дека со спречување или бришење колачиња може да оневозможите одредени карактеристики и содржини на интернет-страницата или да предизвикате поинаква работа и изглед на вашиот прелистувач.

5. Статистиката

Интернет-страницата користи Google Analytics за статистичко следење на активноста на корисникот. Активноста на корисникот се следи за да се обезбеди правилно функционирање на интернет-страницата, а со цел подобрување на страницата и подобрување на корисничкото искуство. Google Analytics не дозволува идентификација на корисникот, иако обработува некои видови приватни податоци, како што се IP адреси. Ова се постигнува со прибирање податоци и со техники на анонимизирање, како што е техниката за маскирање на IP адреса. За да ви овозможиме подобро корисничко искуство и ефективно да ги испланираме идните активности, ја користиме алатката „Google Analytics Advertising Reporting Reporting“, која обезбедува увид во податоците за полот, возраста и интересите на корисникот. Оваа информација се заснова на колачиња од трета страна, исто така е анонимна и не може да се користи за идентификување на корисници. Детални информации за оваа услуга и колачињата што ги користи, како и можноста на корисникот да регулира следење на нивната сопствената активност, се достапни на: https://www.google.com/analytics/learn/privacy.html.

6. Линкови

Ние правиме сѐ што е во наша моќ да осигураме дека какви било пренасочувања од нашите интернет-страници ве насочуваат вас и / или вашето дете кон интернет-страници чија содржина е квалитетна во смисла дека не поттикнува негативност. Сепак, страниците и адресите на интернет мрежата брзо се менуваат и не можеме секогаш да ја гарантираме содржината на секоја адреса кон која ве упатуваме.

Промени и престанок на условите за користење

Подравка д.д. го задржува правото да го смени или раскине целиот или кој било дел од оваа интернет-страница и условите за користење во секое време. Промените стапуваат во сила со објавување на оваа адреса или кога корисниците ќе бидат известени за тоа. Условите за употреба важат сè додека не дојде до прекин од ваша или од страната на Подравка. Вашето прекинување на користење на интернет-страницата, што е можно во секое време, значи прекинување на употребата на интернет-страницата и откажување на сите материјали и содржини „преземени“ и користени од истата интернет-страница.