почетна страница

Политика за приватност

Правила за заштита на личните податоци на интернет-страницата https://jupiii-za-supi.mk/

1. Општи информации

Со овие Правилa за заштита на приватноста (во понатамошниот текст: Правила) се опишува кои ваши лични информации ги прибираме, како ги обработуваме и за какви цели ги користиме, како и кои се вашите права поврзани со вашите податоци.
Подравка ДООЕЛ., Петровец, Македонија, Мултифункционална зона Ќојлија ул.9,бр.4, ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: „Подравка” или „ние”) ги обработува личните податоци на корисниците на своите услуги и на посетителите на www.podravka.hr во согласност со важечките прописи со кои е регулирана заштитата на личните податоци (Општа уредба за заштита на податоци 2016/679).
Ние ја почитуваме вашата приватност и ги обработуваме вашите лични податоци објективно и законски, единствено врз основа на валидни правни основи, што е во согласност со вашата согласност за обработката.

2. Начин и цели на обработката на личните податоци

Промотивни пораки
Пристапот до интернет-страницата www.podravka.hr е бесплатен и не бара регистрација. Доколку сакате да добивате промотивни пораки за нашите производи и услуги, едноставно можете да изберете пријава со вашата е-пошта во интернет-образецот без да се регистрирате. Во секое време, може да се откажете од примање промотивни пораки со избирање на опцијата за повлекување на согласноста за примената промотивна порака.
Анкети и прашалници
Преку анкети и прашалници, собираме информации за вашето задоволство од нашите производи и други корисни информации за да ги приспособиме на вашите потреби и со цел промовирање на односите со јавноста. Резултатите од спроведените анкети или прашалници се чисто резиме и анонимни. За да учествувате во анкети или прашалници, мора да ја доставите вашата адреса на е-пошта преку интернет-образецот.
Промотивни наградни игри
Повремено организираме наградни игри и други натпревари. Личните податоци што ги прибираме на овој начин се обработуваат исклучиво со цел реализација на наградниот натпревар, т.е. наградната игра (на пр., објавување на името на победникот за контактирање со победникот, доставување на наградата и сл.). За да учествувате во игра или натпревар, потребни ни се вашето име, презиме, е-пошта, телефон за контакт и адреса за да ја доставиме наградата. Доколку е потребно, може да побараме дополнителни информации кои ќе бидат дефинирани во Правилата на наградата игра (на пример, број на сметка)
Прибраните податоци ќе ги избришеме по 12 месеци од денот на објавувањето на победникот. Ако сте се согласиле да примате промотивни пораки за наградни игри и натпревари преку формуларот за апликација, во секое време може да се откажете од примање на промотивни пораки со избирање на понудената опција за повлекување на согласноста во примената промотивна порака.
Контакт
Доколку ни се обратите со ваши прашања, информациите кои притоа ни ги давате ги обработуваме исклучиво само за да ви ги обезбеди бараните информации.
Откако ќе одговориме на вашето прашање, ќе ги избришеме доставените податоци. Личните податоци кои се нужни за решавање на приговор при рекламација на производ се чуваат 24 месеци од денот на приемот во согласност со прописите со кои се уредуваат правата на потрошувачите.
Отворени работни места
Информациите што ги доставувате до нас преку апликациите за отворени работни места се обработуваат единствено со цел спроведување на процесот на селекција за вработување и се чуваат две години.

3. Приматели на лични податоци

Подравка ќе ги доставува вашите лични податоци до други приматели само врз основа на законска обврска, односно по оправдано барање од овластено јавно тело (на пр., Судови). Доколку е потребно, личните информации ќе бидат пренесени и до сигурните партнери (извршители на обработка) со цел да овозможат поддршка на клиентите, одржување на информативниот систем, истражување на пазарот или слични потреби, со задолжителна доверливост и мерки за заштита на податоците.

4. Заштита на личните податоци

Прибраните лични податоци ги обработуваме со почитување на потребните законски, технички и организациски мерки за безбедност за да се спречи каква било неовластена обработка на податоците. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен само на вработените на кои им се потребни овие информации при давањето на нашите услуги. Ние постојано ги едуцираме нашите вработени за важноста на доверливоста и заштитата на приватноста и заштитата на вашите податоци. Ние прибираме само информации што се неопходни за обработка на предметот и не ги чуваме повеќе од колку што е потребно, односно одредено со законските прописи.

5. Вашите права

Во секое време можете да побарате од нас информации за обработка на вашите лични податоци и да побарате остварување на следниве права:
• право на пристап до податоци кои што се однесуваат на вас
• корекција или дополнување на вашите лични податоци за да секогаш бидат точни
• бришење на лични податоци (освен ако не постојат оправдани основи за чување на податоците)
• ограничување на обработката на личните податоци, на пр., кога приговарате за точноста на личните податоци и додека не ја потврдиме нивната точност
• Повлекување на согласноста за обработка на податоци (на пр., примање на промотивни пораки)
Ако сметате дека некое од вашите права е повредено, можете да поднесете тужба до Дирекцијата за заштита на личните податоци преку следниот контактакт:
Бул.„Гоце Делчев“бр. 18,, 1000 Skopje е-пошта info@privacy.mk

6. Контакт за заштита на личните податоци

Барања, поплаки или прашања во врска со обработката и заштитата на личните податоци може да се испратат на е-поштата info@podravka.com.mk
Во согласност со важечките законски регулативи кои ја регулираат заштитата на личните податоци, секое барање / прашање ќе се реши што е можно поскоро и најдоцна во рок од 30 дена од приемот.
Кога контактираме и ги разгледуваме овие барања, ние правиме разумни напори да го потврдиме вашиот идентитет и да спречиме неовластена обработка на личните податоци.
Службеник за заштита на податоци
Подравка ДООЕЛ
Мултифункционална зона Ќојлија, Улица 9 бр.4
1043 Петровец –Скопје
тел. ++389 2 2650 134
факс. ++389 2 2650 134
моб. ++389 72 304960
info@podravka.com.mk

7. Политика за заштита на податоци на други интернет-страници на трети страни

На оваа страница ќе најдете линкови до други интернет-страници или портали. Политиките за приватност на овие портали може да се разликуваат од овие Правила.
На нашата страница можеме да ви понудиме и линкови за на социјалните мрежи, кои ви овозможуваат да споделувате лични информации на социјалните мрежи. Затоа, ве молиме, имајте ги на ум правилата за заштита на личните податоци што важат на страниците на другите портали или социјални мрежи или од трети страни.
Во случај на промена на овие Правила, ќе ве известиме за тоа на оваа страница и ќе го ажурираме датумот на промена на политиката за приватност подолу како што следи. Овие Правила последен пат се изменети на 24.05.2018 година.