Правила на НАГРАДНАТА ИГРА: „Кажи јупи за Подравка супи!“ (во натамошниот текст: „Правила“)
Член 1 – Компанија и седиште на организаторот
Oрганизатор на наградната игра е Друштво за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул. 9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: Организатор).
Член 2 – Име на наградната игра, време и место на одржување
Името на наградната игра е „ Кажи јупи за Подравка супи! “. Нaградната игра ќе трае од 01.10.2024 година до 15.11.2024 година во 23:59:59 часот на територијата на Република Северна Македонија.
Член 3 – Цел на наградната игра
Целта на наградната игра е да се зајакне врската со потрошувачите во продажните места на трговскиот ланец Кит Го и Вива Фреш и да се рекламираат производите супи од Подравка од брендот на Организаторот. Наградната игра се организира и спроведува со цел:
1. промоција на Организаторот и неговите активности, производи и понуди преку низа промотивни и маркетинг содржини и активности;
2. промоција и маркетинг на производите супи на Организаторот под брендот Подравка.
Член 4 – Услови за учество во наградната игра
Во наградната игра, според Член 2, право на учество имаат сите граѓани над 18 години кои се државјани во Република Северна Македонија.
За учество во наградната игра потребно е, во наведениот период да се купат минимум 5 (пет) од наведените производи – супи од Подравка во кое било продажно место на трговскиот ланец Кит Го и Вива Фреш во Република Северна Македонија.
Во наградната игра учествуваат следниве производи од брендот супи на Подравка:
Кокошкина супа со тестенини 62g, Кокошкина супа со тестенини и месо 60g, Говедска супа со тестенини 65g,Говедска супа со ѕвездички 52g, Зеленчукова супа со тестенини 60г, Говедска супа со тестенини и месо 60g, Француска супа 64g, Бечка супа 62g, Домашна месна супа 70g, Сватовска супа 58g, Швајцарска супа 54g, Швајцарска супа со кокошкино месо 54g, Алпска супа 64g, Алпска супа со кокошкино месо 67g, Пролетна супа 50g, Посна супа 60g, Супа со месни и гриз кнедли 52g, Бистра кокошкина супа со тестенини и зеленчук 52g, Пилешка супа Абецеда 60g, Супа од зеленчук со ѕвездички 52g, Супа од зеленчук со ѕвездички 52g, Крем супа од 9 видови зеленчук 45g, Пилешка крем супа 64g, Крем супа од брокули 57g, Крем супа од шампињони 63g, Бегова чорба 60g, Чорба од печурки 65g, Фини – Мини крем пилешка супа 18g, Фини – Мини бистра супа со зеленчук со тестенини 16g, Фини – Мини бистра говедска супа со резанки 18g, Фини – Мини бистра кокошкина супа 18g.
Пријавувањето е преку посебно испечатен формулар за регистрација (се пополнува: име и презиме, адреса на живеење, телефон, е-меил, број на фискална сметка и датум кога е извршено купувањето). Секој учесник кој ќе пополни формулар за учество во наградната игра и го вметне во кутијата на инфо пултот во сите продажни места на трговскиот ланец Кит Го и Вива Фреш најдоцна до 15.11.2024 година во 23:59:59 часот, автоматски влегува во базата од која ќе бидат наградени вкупно 36 учесници.
Право на учество во наградната игра имаат сите граѓани со живеалиште и престојувалиште e во Република Северна Македонија, освен вработените во Подравка ДООЕЛ и членови на нивното потесно семејство. Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.
Секој учесник може да учествува во наградната игра со повеќе пријави, но може да биде награден само еднаш. Доколку, по извлекувањето на победникот, се утврди дека доставените податоци се нецелосни и / или неточни, таквата пријава за учество ќе се смета за неважечка.
Член 5 – Погрешни и неправилни пријави
Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесник во кој било кој момент за времетраење на наградната игра, особено во следниве случаи: Ако учесникот ги прекрши правилата или остави неточни или нецелосни лични податоци при внесувањето на личните податоци во формуларот за пријава. Доколку пријавата содржи незаконска, опасна, злонамерна, расистичка, клеветничка, непристојна, порнографска, вулгарна или ксенофобична содржина. Пријавата не смее да прикажува или повикува на криминално или незаконско однесување. Од која било друга причина за која Организаторот смета дека негативно влијае на правичноста на наградната игра.
Член 6 – Награден фонд
Наградниот фонд вклучува:
- 1 главна награда платежна картичка со вредност од 120.000,00 денари од НЛБ банка.
- 3 типа ваучери од Кит Го за пазарење со вредност од:
Тип 1 – ваучер од 1.000 денари – 10 ваучери
Тип 2 – ваучер од 2.000 денари = 10 ваучери
Тип 3 – ваучер од 3.000 денари – 5 ваучери
10 х пакет производи од Подравка (еден пакет содржи 15 супи + Подравка кујнска крпа) со вкупна вредност од 11,273 денари (супи 9.731,00 денари со вклучен 5% ДДВ и 1.542,00 денари за 10 кујнски крпи со вклучен 5% ДДВ).
Односно вкупната вредност на наградниот фонд изнесува 173.273,00 денари со вклучен ДДВ.
- Прилог 1 – Фактура од НЛБ
- Прилог 2 – Записник од Подравка Дооел за пакет производи и кујнкси крпи.
- Прилог 3 – фактура од Кит Го и Вива Фреш
*Организаторот го плаќа персоналниот данок.
Член 7 – Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето
Извлекувањето на имињата на добитниците на наградите и контрола на извлекувањето на имињата на добитниците ќе се одржи на 21.11.2023 во 10:30 часот. Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија од Подравка (Наташа Димовска – маркетинг директор, Даниела Трајковска – директор на финасии, Весна Дојчиновска – трејд маркетинг менаџер), и комисија од трговскиот ланец Кит Го, а учествуваат сите пристигнати пријави преку формулар заклучно со 15.11.2024 година во 23:59:59 часот.
Извлекувањето ќе се врши рачно, откако ќе бидат собрани сите кутии со пристигнати формулари за учество од продажните објекти на Кит Го и Вива Фреш низ Републиката, а во просториите на Вива Фреш маркетот во Скопје. Извлекувањето ќе го надгледува трочлената комисија од Подравка, претставници и од Трговскиот ланец Кит Го и Вива Фреш, по што ќе биде направен нотарски записник кој ќе ги содржи имињата и презимињата, како и адресите на добитниците на награди. Извлекувањето ќе се пренесува во живо, на инстаграм профилот на Подравка Македонија или на инстаграм профилот на Кит Го маркети за да се поттикне чувството на транспарентност во наградниот процес. Задолжително ќе се провери дали се исполнети барањата/условите од Член 4. на овој Правилник. Извлечените пријави кои нема да ги исполнат барањата/условите од Член 4.на овој Правилник, нема јавно да се објават, а истите ќе бидат посебно записнички утврдени. Доколку некој од добитниците не подигне награда во наведениот рок, Организаторот има право да контактира со друг учесник кој се пријавил во наградната игра и ги исполнил сите Правила (резервен добитник).
Доколку во наградната игра се вклучат помалку учесници од бројот на награди кои се предвидени со наградниот фонд, тогаш ќе се доделат онолку награди колку што има и учесници.
Член 8 – Објавување на резултатите од Наградната игра
Резултатите од наградната игра ќе бидат објавени на www.supa.mk најдоцна 3 дена од денот на извлекувањето на наградените од наградната игра. Објавената листа на добитници ќе содржи: име и презиме и место на живеење.
Член 9 – Идентификација на добитникот на награда
Добитникот го остварува правото на наградата откако Организаторот ќе изврши увид во неговиот документ за лична идентификација и во фискалната сметка со која се докажува дека се купени 5 производи – супи на Подравка, а во спротивно тој го губи правото на наградата. Сите добитници треба да го потврдат својот идентитет со свој валиден документ – лична карта.
Член 10 – Начин и рок за подигање на наградите
Добитниците ќе ги подигнат наградите лично, во просториите на компанијата Подравка, со документ за лична идентификација, Додека, добитниците на пакет производ ќе ги добијат пакетите по брза пошта, преку компанија за брза достава до нивната домашна адреса најдоцна во рок од 45 работни дена од датумот на објавување на резултатите од наградната игра. Наведениот рок за испорака на наградите може да се продолжи само доколку добитникот му се обрати на Организаторот дека од објективни причини не може да ја превземе наградата, но не подолго од 60 дена или ако Организаторот не е во можност да ја достави наградата поради виша сила во наведениот рок. Организаторот на наградната игра не сноси никаква одговорност за задоцнети, изгубени или неправилно испратени пратки, како и за нередовна достава (кога добитникот е известен за примената пратка, но не ја подигнал). Добитникот нема можност да добие парични награди или награди за замена (наместо наградата што му ја доделило стручното жири на Организаторот). Наградата е непренослива.
Член 11 – Начин на запознавање на учесниците со Правилата на Наградната игра
Начинот на учество во Наградната игра се објавува по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија на 01.10.2024 година на веб – страницата www.supa.mk. Со учеството во оваа наградна игра, учесниците ги прифаќаат и се обврзуваат да ги почитуваат правата и обврските пропишани во овие Правила. Сите учесници во Наградната игра се запознаени со „Политиката за приватност“ наведена на веб-страницата www.supa.mk, како и со „Условите за користење“ на истата веб-страница.
Член 12 – Право на објавување и сопствеништво на медиумските содржини
Со претходна писмена согласност дека учесниците се согласни, доколку станат добитници на некоја од наградите, нивното име, презиме, адреса, фотографија и снимен материјал, Организаторот да може да ги користи во промотивни активности преку сите медиуми, без надокнада. Исто така, Организаторот ги задржува сите права на објавување и сопствеништво на медиумските содржини, кои произлегуваат од врачувањето на наградите на добитниците. Добитникот е обврзан во целост да соработува со Организаторот, а во врска со креирањето и објавувањето на содржините произлезени од наградната игра и во врска со наградната игра.
Член 13 – Право на приговор и решавање на спор
Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на Наградната игра до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.
Во случај на спор помеѓу Оргнизаторот и учесникот во наградната игра „Кажи јупи за Подравка супи!“ надлежен е Основниот суд во Скопје.
Член 14 – Можност за прекин на наградната игра.
Наградната игра може да се прекине единствено во случај на виша сила, а по добивање согласност од Министерство за финансии на Р. Северна Македонија согласно член 8 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.
Член 15 – Валидност на правилата на наградната игра
Овие правила ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на Организаторот- www.supa.mk по добивање на согласност од Министерството за финансии на Р. Северна Македонија, пред почетокот на наградната игра.