почетна страница

Правила на НАГРАДНАТА ИГРА „Кажи јупииии за Подравка супи!“

Правила на НАГРАДНАТА ИГРА: Кажи јупииии за Подравка супи!“ (во натамошниот текст: „Правила“)

Член 1 – Компанија и седиште на организаторот

Oрганизатор на наградната игра е Друштво за трговија и услуги Подравка ДООЕЛ Петровец, со седиште на адреса: ул. 9, бр.4 во Мултифункционална индустриска зона Ќојлија во Петровец, со ЕМБС 4276663 и ЕДБ 4030992253046 (во натамошниот текст: Организатор).

Член 2 – Име на наградната игра, време и место на одржување

Името на наградната игра е Кажи јупииии за Подравка супи! “. Нaградната игра ќе трае од 08.04.2024 година до08.05.2024 година во 23:59:59 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Член 3 – Цел на наградната игра

Целта на наградната игра е да се зајакне врската со потрошувачите и да се рекламираат производите супи од Подравка од брендот на Организаторот.  Наградната игра се организира и спроведува со цел:
1. промоција на Организаторот и неговите активности, производи и понуди преку низа промотивни и маркетинг содржини и активности;
2. промоција и маркетинг на производите супи на Организаторот под брендот Подравка.

Член 4 – Услови за учество во наградната игра

Во наградната игра, според Член 2, право на учество имаат сите граѓани над 18 години кои живеат во Република Северна Македонија.

За учество во наградната игра потребно е, во наведениот период,  да креираат маица, користејќи ги графичките елементи од најновата кампања за супи од Подравка.

Пријавувањето е преку страницата https://jupii-za-supi.mk преку посебно креиран онлајн формулар за регистрација (се пополнува: име и презиме, адреса на живеење, телефон, е-меил). Секој учесник кој ќе пополни формулар за учество во наградната игра и го направи својот уникатен дизајн на маичка најдоцна до 08.05.2024 година во 23:59:59 часот, автоматски влегува во базата за наградување.

Право на учество во наградната игра имаат сите граѓани со живеалиште во Република Северна Македонија. Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра.

Секој учесник може да учествува во наградната игра со повеќе пријави, но може да биде награден само еднаш. Доколку, по извлекувањето на победникот, се утврди дека доставените податоци се нецелосни и / или неточни, таквата пријава за учество ќе се смета за неважечка.

Член 5 Погрешни и неправилни пријави

Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесник во кој било кој момент за времетраење на наградната игра, особено во следниве случаи: Ако учесникот ги прекрши правилата или остави неточни или нецелосни лични податоци при внесувањето на личните податоци во формуларот за пријава. Доколку пријавата содржи незаконска, опасна, злонамерна, расистичка, клеветничка, непристојна, порнографска, вулгарна или ксенофобична содржина. Пријавата не смее да прикажува или повикува на криминално или незаконско однесување. Од која било друга причина за која Организаторот смета дека негативно влијае на правичноста на наградната игра.

Член 6 Награден фонд

Наградниот фонд вклучува:

• 10 x кул маици со ваш дизајн
• 1 x Bosch кујнски робот
• 10 x поклон пакети со супи од Подравка

Член 7 – Извлекување на имињата на добитниците на награди и контрола на извлекувањето

Извлекувањето  на имињата на добитниците на наградите и контрола на извлекувањето на имињата на добитниците ќе се одржи на 10.05.2023 во 10:30 часот. Извлекувањето ќе го надгледува трочлена комисија од Подравка (Наташа Димовска – маркетинг директор, Даниела Трајковска – директор на финасии, Весна Дојчиновска – трејд маркетинг менаџер), и комисија од маркетинг агенцијата Футура 2/2, а учествуваат сите пристигнати пријави преку формулар заклучно со 08.05.2024 година во 23:59:59 часот.

Извлекувањето ќе се врши електронски и по случаен избор.. Извлекувањето ќе го надгледува трочлената комисија од Подравка, претставници од маркетинг агенцијата Футура, , по што ќе биде направен записник кој ќе ги содржи имињата и презимињата, како и адресите на добитниците на награди.Задолжително ќе се провери дали се исполнети барањата/условите од Член 4. на овој Правилник. Извлечените пријави кои нема да ги исполнат барањата/условите од Член 4.на овој Правилник, нема јавно да се објават, а истите ќе бидат посебно записнички утврдени. Доколку некој од добитниците не подигне награда во наведениот рок, Организаторот има право да контактира со друг учесник кој се пријавил во наградната игра и ги исполнил сите Правила (резервен добитник).

Доколку во наградната игра се вклучат помалку учесници од бројот на награди кои се предвидени со наградниот фонд, тогаш ќе се доделат онолку награди колку што има и учесници.

Член 8 – Објавување на резултатите од Наградната игра

Резултатите од наградната игра ќе бидат објавени на https://jupii-za-supi.mk најдоцна 3 дена од денот на извлекувањето на наградените од наградната игра. Објавената листа на добитници ќе содржи: име и презиме и место на живеење.

Член 9 – Идентификација на добитникот на награда

Добитникот го остварува правото на наградата откако Организаторот ќе изврши увид во неговиот документ за лична идентификација, а во спротивно тој го губи правото на наградата. Сите добитници треба да го потврдат својот идентитет со свој валиден документ – лична карта.

Член 10 – Начин и рок за подигање на наградите

Добитниците ќе ги подигнат наградите лично, во просториите на компанијата Подравка, со документ за лична идентификација, Додека, добитниците на пакет производ ќе ги добијат пакетите по брза пошта, преку компанија за брза достава до нивната домашна адреса најдоцна во рок од 45 работни дена од датумот на објавување на резултатите од наградната игра. Наведениот рок за испорака на наградите може да се продолжи само доколку добитникот му се обрати на Организаторот дека од објективни причини не може да ја превземе наградата, но не подолго од 60 дена или ако Организаторот не е во можност да ја достави наградата поради виша сила во наведениот рок. Организаторот на наградната игра не сноси никаква одговорност за задоцнети, изгубени или неправилно испратени пратки, како и за нередовна достава (кога добитникот е известен за примената пратка, но не ја подигнал). Добитникот нема можност да добие парични награди или награди за замена (наместо наградата што му ја доделило стручното жири на Организаторот). Наградата е непренослива.

Член 11 – Начин на запознавање на учесниците со Правилата на Наградната игра

Начинот на учество во Наградната игра се објавува на веб – страницата https://jupii-za-supi.mk. Со учеството во оваа наградна игра, учесниците ги прифаќаат и се обврзуваат да ги почитуваат правата и обврските пропишани во овие Правила. Сите учесници во Наградната игра се запознаени со „Политиката за приватност“ наведена на веб-страницата https://jupii-za-supi.mk, како и со „Условите за користење“ на истата веб-страница.

Член 12 Право на објавување и сопствеништво на медиумските содржини

Со претходна писмена согласност дека учесниците се согласни, доколку станат добитници на некоја од наградите, нивното име, презиме, адреса, фотографија и снимен материјал, Организаторот да може да ги користи во промотивни активности преку сите медиуми, без надокнада. Исто така, Организаторот ги задржува сите права на објавување и сопствеништво на медиумските содржини, кои произлегуваат од врачувањето на наградите на добитниците. Добитникот е обврзан во целост да соработува со Организаторот, а во врска со креирањето и објавувањето на содржините произлезени од наградната игра и во врска со наградната игра.

Член 13 Право на приговор и решавање на спор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на Наградната игра до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Во случај на спор помеѓу Оргнизаторот и учесникот во наградната игра „„Јупиии за Подравка супи!“  надлежен е Основниот суд во Скопје.

 Член 14 – Можност за прекин на наградната игра.

Наградната игра може да се прекине единствено во случај на виша сила и согласно член 8 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Член 15Валидност на правилата на наградната игра

Овие правила ќе бидат јавно објавени на веб-страницата на Организаторот- https://jupii-za-supi.mk, пред почетокот на наградната игра.